Како ексклузивни застапници на германскиот бренд за заштита Dräger, веќе 20 години работиме на подобрување на личната безбедност кај луѓето кои при својата работа се изложени на високи ризици.

Детекција на присуство на алкохол во здивот и користење на разни дроги претставува приоритетна национална стратегија на секоја држава. Така е и кај нас, каде органите на државата како и многу други правни субјекти од самиот почеток до денес ги користат нашите производи. Со употребата на производите од Dräger степенот на безбедност и сигурност е на многу високо ниво, што е доволен показател и потврда за квалитетот на нашите производи.