Dräger 6820

Овој рачен детектор на алкохол во здивот е дизајниран специјално за целите на полицијата, односно за поголема безбедност на патиштата.
Силните карактеристики и неговата компактност го прават овој модел широко применлив и во секојдневието, особено при контролата на работниците во државните и приватните претпријатија. Брз и лесен за употреба, Dräger 6820 дава значајни резултати и во најтешките средини каде секоја секунда е и повеќе од битна.